Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Младите Бугари не сакаат работа во странство

Младите Бугари не сакаат работа во странство

Дури девет од десет млади во Бугарија не сакаат да одат надвор од земјата, за да работат во странство, туку сакаат  да живеат и  да работат во својата земја. Над 45 отсто од нив сакаат да работат во бугарски фирми, со домашни работодавачи.

Истражувањето направено со младите на возрст меѓу 18 и 35 годии открива дека младите Бугари окекуваат подобри услови за работа во земјата и подобри услови за професионален развој.

Почетна плата -610 евра

Две третини од анкетираните сметаат дека тие самите се одговорни за својата кариера , а повеќе од половината се изјасниле дека е многу важно да се има можност за работа од дома.

Во нкатета која ја пренесува бугарската агенција БТА , оклу 80 отсто од младите од владта и од работодавачите очекуваат повисоки примања, затоа што сегашната почетна плата од 1200 левови, односно од 61о евра е прмногу мала..

Според мислењето на  учесниците во истражувањето , почетната  плата, на крајот на првата година од работниот стаж би требало да изнесува  4300 левови, или 2200 евра.

Половината од младите на оваа возраст , истоа така, има речено дека би се вратиле во место каде се родени, наместо што сега се иселуваат од таму за да живеат во Софија, или Пловдив, на пример, доколку во родниот град би добиле добра работа.

Се бара подобар имиџ на земјата

Сите, меѓутоа,  очекуваат од владата да направи многу повеќе за да се подобри сликата и преставата за Бугарија, во Европ и во светот и конечно да почне повеќе да работи за подигнување на стандардот на луѓето.

Ваквите показатели од ова бугарско истражување се разликуваат од сознанијта кои постојат за расположението на младите во Северна Македонија и Србија, на пример, или за една Албанија, па дури и за Хрватска.

Таму мнозинство од лицата на оваа возраст сакаат да  заминат  за работа и за усовршување некаде во странство.

На дното од ЕУ

Бугарија, иако е членка на ЕУ уште од јануари 2007 година, останува да важи за најмалку развиена земја во Унијата.

Статистиката на ЕУ покажува дека меѓу земјите членки, најскромно се живее во Бугарија, а пооа и во Грзија.

Бугарские влади и натаму не може да го поправат имиџот што другите во Европа го имат за оваа балканска земја.

Држаата дури годинава успеа делумно да влезе во Шенген зоната, додека влегувањет на зоната на еврото (одново) се одлага, затоа што Бугарија има инфлација од над шест отсто, што е повеќе од определенето ниво за почеток на преговорите.

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе