Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

„Постои руски план за цепење на Црна Гора“

„Постои руски план за цепење на Црна Гора“

„Постои таен плн на Русија (за Западен Балкан) според кој треба да се подели независна Црна Гора, при што најголемиот дел би и припаднал на Србија, а пет општини би биле префрлени во Албанија – открива црногорскиот угледен писател и претседател на Друштвото на независни писатели Милорад Поповиќ, во разговор што го објавува загрепскиот весник „Јутарњи лист“.

Поповиќ кој по обидот за атентат врз него,  речиси една деценија има  жвеено во Хрватска, тврди дека рускиот план предвидува – после цепењето на Црна Гора, што треба да биде во рамките на создвањето на т.н. српски свет ( по урнек на путиновиот руски свет)- тоа да се направи и со Северна Македонија и со БиХ.

Балканска Украина

Затоа, тој денешна Црна Гора ја поистоветува со украинската ситуација, означувајќи ја својата земја како  „некаква балканска Украина“, а политички безбедносната ситуација да ја врзува за- кко што вели- „разулавената“ српска тајна служба .

Во најмалата екс ЈУ република,  службата се однесува така по неуспешниот обид за пуч ( против Мило Ѓукановиќ и неговото силно инсистирање на црногорската етничка и државна посебност и независност од Србија) во октомври 2016 година.

Поповиќ потсетува дека државниот удар што го иницираа црногорските про- српски и про-руски партии, подржан од српската тајна служба, требаше да го изведат оперативци на руската шпионска агенција ГРУ.

Одмаздување за пучот во 2016 година

Планот не успеа, српските и руските оперативци избегаа во Србија, а Русите од таму за Москва, додека црногорските пучисти беа уапсени. Меѓу уапсените ( пред скоро осум години) беше и лидерот на најсилната српска партија во Црна Гора- Андрија Мандиќ.

Колку работите во земјата се променети на црногорска штета, покажува ситуацијата со тогашниот шеф на локалното контра-разузнавање. Тој беше сменет( по падот на Ѓукановиќ), а сега, во велат „наместен случај“ – за одмазда- е уапсен.

Пучистот Мандиќ, пак, инаку прогласен за четнички војвода, сега е спикер на Парламентот на Црна Гора.

Српството на Андрија Мандиќ

Неговата партија , од минатата недела дури влезе и во новата владина коалција на актуелниот  црногорски премиер Милојко Спајиќ кој се повеќе ја приближува (едно време) проевропската партија  Европа,сега кон се посилниот српски политички блок.

Тоа предизвикува неодобрување во Брисел, затоа што Демократскиот Фронт на Мандиќ  не само што е просрпска партија, туку таа е и анти-ЕУ, антизападна , сместена  е на руската страна и беше против резолуцијата за Сребреница. Позиционирање  спротивно на амбициите на државата за влез во ЕУ.

Освен тоа оваа партија беше еден од покренувачите на контра-резолуцијата за геноцид во Јасеноввац ( и Дахау и Матхаузен) што беше изгласана во Парламентот во Подгорица, инаку покрената за инает од Белград-  за да се релативизира резолуцијата за геноцидот во Сребреница.

Писателот Поповиќ сето ова го толкува како силен показател дека Црна Гора е под силен притисок на српскиот национлизам- како на оној од Белград, така и на домашниот.

НАТО како сопирачка

Признава притоа дека во земјата не е необично, припадници на едно исто семејство, различно да се изјаснуваат за својот идентитет- едните како Срби , а другите како етнички Црногорци.

За него силниот притисок на српскиот национализам врз Црна Гор и Црногорците е знак дека по соборувањето на процрногорскиот блок, забрзано се уредува „српскиот свет“ во земјата.

Засилен и со силното влијание на српската црква ( СПЦ) која е така поставена за да биде силна полуга на актуелната власт.

Во својата елаборација на ситуацијата во Црна Гора, писателот Милорад Поповиќ кој му припаѓа на т.н. црногорски блок, смета дека само членството во НАТО е кочницата за екстремниот српски национализам.

Само тоа го задржува национализмот од Белград , да не почне и Црна Гора да се третира како српската енклава во БиХ- Република Српска.

Според писателот, во Белград се смета дека независноста на Црна Гора  (во 2006 година) е најголемиот пораз на српскиот национализам- поголем и од независноста на Хрватска и БиХ, па дури и на Косово.

(С.Г.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе