Британија со „црна дупка“ во буџетот
Првите проценки на состојбите во британските јавни финансии покажуваат дека државата е без пари, што ќе рече дека нема доволно пари за покривање на јавните финансии.
Вака тврдат британски медиуми повикувјќи се на новата влада на лабуристите која, се проценува дека ја користи актуелната состојба за да се обвини доскорешната влада на конзервативците дека има оставено „црна дупка“ во буџетот.
Односно, дека таа успеала да создаден кусок од 20 милијарди фунти, или од 24 милијарди евра.
Трошени пари кои владата ги немала
Лабуристите кои го добија мандатот за управување со земјата, на изборите од 4 јули, кога уверливо ги поразија ториевците , сега ја уверуваат британската јавност дека ситуацијата во земјата е полоша од она што тие го очекувале.
Министерката за финансии Рејчел Ривс , во анализата на фискалната ревизија, ги обвинува ториевците за лошото раководење со британската еконпмија во изминатите 14 години, колку беа на власт, во кои се изменија дури петмина премиери.
Таа тврди дека конзервативците, во настојувањето да обезбедат подршка од гласачите , имаат потрошено пари кои државата ги немала, давајќи ветувања кои не можеле да ги финансираат.
Популизмот создаде хаос
На тој начин, според лабуристите, државата останала „ без скршен денар“, а досегашната популистичка политика за додворување на гласачите, има создадено „вистински хаос“ во стопанството и во јавните служби.
Проценка е дека претходната влада преземала финансиски обврски , не прашувајќи се од каде и како ќе се најдат пари за тоа.
Конзервативците, ги отфрлаат ваквите обвинувања , инсистирајќи дека се без основа.
Тие притоа возвраќаат со контра обвинување дека ваквите тврдења на лабуристите се само изговор за плнираното зголемување на даноците, што инаку во изборната кампања не беше најавувано.
Лабуристите ќе ги зголемат даноците ?
Финансиски експерти проценуваат дека лабуристичката влада, со новиот буџет ќе прифатат зголемување на платите на учителите и на здравствените работници кои долго врем се депресирани.
Тоа беше повод за бројни протести во годините по корона пандемијата, која сериозно ја има погодено Британија. Станува збор за криза која се уште ја чувствува домашната економија, која сега ја нема зад себе Европската унија.
Експерти, меѓутоа , затоа очекуваат дека лабуристите (најверојатно) ќе ги зголемат даноците- на приходите, потоа ДДВ , како и корпорацискиот данок.
(Д.Л.)