Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Кинески пари за унгарски заем

Кинески пари за унгарски заем

Веста дека Орбанова Унгарија побарала и добила итен заем (кредит) од Кина, во износ од една милијарда евра, ја имаат откриено медиумите во Будимпешта кои не се под контролата на десничарската власт.

Орбан и неговото друштво заемот не им го имаат откриено на унгарските гласачи, па излегува дека тие не знаат оти  премиерот зема  позајмица – за да покрива „црни дупки“ во своите финансии.

Орбан ја губи битката со ЕУ

Тоа, меѓутоа, е потврда дека Унгарија  ја губи битката со ЕУ во врска со  блокадата на преку 20 милијарди евра , од европските фондови, што Брисел ги има запрено ,  поради непридржување и непочитување на правилата на ЕУ.

Но, и затоа што  орбанова Унгарија продолжува да  дејствува против интересите на ЕУ.

Во секој случај, со кинескиот кредит, власта во Будимпешта само покажува во што се има претворено.

Земјата , која со европските пари ја спроведе својата посткомунистичка транзиција, а сега со своето европско крајно-десничарско друштво, подржувано од Русија и Кина, настојува да ја растура ЕУ-  има сериозни финансиски и економски проблеми.

Таа останува во криза и најбавно од сите  другите излегува од посткорона кризната ситуација,  префрлајќи ја сега вината за ваквите унгарски состојби  само врз војната во Украина.

Работа која упорно  ја шират трамповци во САД, а ултра десничарите во Европа, кои му служат на Владимир Путин, продолжуваат да ја продаваат  низ континентот- се до Западен Балкан.

Унгарија зема заем од Кина

Барањето итни пари од Кина било направено во април, осум денови откао владата на Орбан соопшти дека ке се одложи реализацијата на низа ( главно популистички) проекти, како државни инвестиции , затоа што земјата и натаму бележи низок раст.

Унгарија (официјално) има дефицит од 4,5 отсто од БНП, што е над три отсто повеќе од долната граница на еврозоната.

Во едни вакви услови, владата на Северна Македонија, веднаш по изборите, се пофали дека зела заем (кредит) од Орбан-  од половина милијарда, добиен со камата која е пониска од каматите што ги даваат унгарските банки.

Сомнежи во Будимпешта и во Скопје

Веста дека  на владата во Скопје и се дава унгарски заем , само шеесетина денови откако  самата Унгарија барала и добила позајмица од Кина, исто така беше сокриена од унгарската јавност.

Затоа, и во Будимпешта, во медиумите кои ја открија веста, како и во Скопје, каде пред изборите се предупредуваше на заткулисниот, нетранспарентен  начин на управување со државата, кога власта ќе ја приграбат вмровците – кинескиот заем предизвикува бројни сомнежи.

Во Будимпешта, за тоа – што се крие со сето ова. Зашто некој би зел заем од Кина ( чии кредити се многу поскапи и пообврзувачки) од европските, за да веднаш потоа на друга, странска земја и даде  заем во висина на половината од киенскиот.

Политичко заложништво

Во Скопје, пак  се предупредува на тоа дека со заемот од Орбан , вмровската власт се става во неговите  раце- како негов економско-финансиски , но и   политички заложник.

Ставајќи се, во исто време,  и во позиција контра Брисел и против  Европската комисија , кои , практично, војуваат со Орбан. Односно, со неговото отворено анти-европејство, со вазалството кон  Путин, служејќи и на неговата анти-ЕУ политика и со внесувањето на Кина , преку Унгарија во Унијата.

Така на Западен Балкан делува  Србија на Александар Вучиќ, контрирајќи им на Брисел и ЕУ, со специјаното сојузништво со Орбан, со стратешкото партнерство со путинова Русија и со „братството“ со Си Џинпенг- пазарејќи се со Западот околу Косово.

Вмровско повлекување  од ЕУ

Прашање е и зошто на вмровците им  се потребни овие пари- добиени скришум од Орбан,  како да се негови вазали -кога од специјалниот фонд на ЕУ, за забрзан развој на земјите од Западен Балкан, за Северна Македонија се предвидени, безмалку  една милијарда евра.

Треба само да се спроведат реформите и да се отпочне процесот на преговори за влез во ЕУ, што е веќе отворен со скринингот, за да земјата може да повлекува пари- од кои 20 отсто се грант-  неповратни средства.

Работата е во тоа што вмровците се против Европа, против европеизацијата и против ЕУ. Чекаат -да се случи нешто-  на пример, да им победи Трамп во САД , верувајќи дека тогаш ЕУ (безмалку ) ќе се распадне, па  нема да им биде потребна.

Неприфаќање на европската агенда

Одбиваат, затоа,  да ги спроведат уставните реформи, кои се договорени и обврзувчки, а за кои поставниот од Будимпешта премиер на Северна Македонија- зборува по разни градилиштата низ селските општини дека тие за него биле- ултиматум.

Таквата реакција и ароганцијата на овој човек, во српски стил, без капацитетите на една Србија и она што таа треба да испорача. Северна Македонија ништо од тоа не мора, па не мора да им се продава на Орбан и на други.

Треба само да почне да дејствува според европската агенда што  ја има направено претходната, силно проевропска влада.

Враќање на промашената политика

Единственото што се постигнува со сегашното  расфрлање со погрешни  зборови , јод страна на погрешен човек на важно место бо државата, ја прават Северна Македонија заробеник на една промашена политика на вмровците. А таа венаш по изборите   се враќа, како во времето на избеганиот лидер -осуденик. Да  им служи на туѓите интереси,  а не на македонските.

Тоа, пак,  го покренува и прашањето – чиј е навистина кредитот од „странска пријателска земја“, или попрецизно- чии се парите од заемот.

Првично требаше да изнесува една милијарда евра, колку и европсите  пари наменети за нашата држава , а кои власта не сака да ги земе- за да не прави реформи и  за да не брза за ЕУ.

Тогаш на место е прашањето  – дали навистина  заемот е унгарски, или преку Унгарија само се врши трансферот на парите.

(С,Г.)

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе