Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

„Учете англиски од Нетфликс“

„Учете англиски од Нетфликс“

Министерката за образование во актуелната-вмровско/бранковистичка коалиција има изјавено дека  – за учењето странски јазици нема потреба од учебници.

Според неа, не се потребни книги (а и настава и наставници) за да се научи англиски ( на пример), затоа што децата и онака го учат јазикот – гледајќи филмови и тв серии на телевизија.

Несериозно и неодговорно

Ваквата изјава, дадена од владин министер кој покрива важен ресор, за кој и таа и нејзиниот шеф најавуваа „големи и важни реформи“- делува и несериозно и неодговорно.

Освен тоа,   со изјавата, одново се покажува дека владата (која наводно) ќе работела во интерес на народот- за неполни два месеци на власт продолжува да покажува дека само тера мајтап со истиот тој народ.

Ваквото образование кое го сугерира оваа министерка, нормално, предизвика бранување во јавноста,а посебно кај наставниците и професорите по странски јазици, како и кај лингвистите.

Лажни ветувања

Тие се вчудоневидени од вака реформираниот образовен систем, оценувајќи дека изјавата само го покажува нејзиниот ( и владин) однос кон образованието.Но, и тоа дека станува збор за уште една измама кон гласачите на кои им се продаваше приказната дека власта( за разлика од претходната) ќе обезбеди книги и учебници за сите ученици- на време.

Тоа сега е јасно дека не може да се направи- нема доволно пари за таквите изборни ветувања и покрај кинескиот заем ( што се рекламира како унгарски).

Познавачи велат дека со тие пари, прво ќе треба да се покриваат новите, партиски екстра вработувања во државната администрација и да се спасуваат вмровските градоначалници, за да може следниот октомври да се појават спремни на локални избори.

Серија „гафови“

А, можеби и да се мести терен за вонредни (парламентарни) избори- во стилот на вистинскиот лидер во Будимпешта. За тоа неговиот човек кој ја предводи владата во Скопје веќе почна да зборува, меѓудругото, одделувајќи најмногу пари од буџетот- за државната изборна комисија.

Партиските медиуми побрза да ја „вадат“ министерката уверувајќи дека станува збор за гаф, за лошо изразување, што и да е така, покажува каква влада има Северна Македонија и кои се министрите.

Еден од нив веќе се посрамоти, откако изјави дека амбасадор на ЕУ во Скопје е Ричард Гир, иако станува збор за Дејвид Гир.

Погрешен човек на важно место

„Гафот“ би бил смешен, доколку не стануваше  збор за  министерот за Европа/ЕУ. Претпоставка е дека тој  би требало да знае како се вика европскиот амбасадор.

Министерката за образование , пак, не згреши. Таа покажа дека така мисли, иако подоцна се извинувала. Таа во јавноста, инаку,  е позната како поранешна министерка во владата на избеганиот екс премиер.

Беше одговорна за пописот во 2011 година, кога партнерите во владата- вмровците и (тогаш) добриот ДУИ- правеа голем фалсификат, по кој државата ќе имаше двојно повеќе жители. Работата се реши така што министерката мораше да поднесе оставка, а пописот беше прекинат и откажан.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе