Поврзете се со нас

Skopje Global

a factory with smoke coming out of it's stacks

Западен Балкан

„Шарена револуција “ за литиум

„Шарена револуција “ за литиум

Политичката криза во која подолго време се наоѓа Србија, посебно по експлозијата на народниот гнев, како реакција на грубиот изборен грабеж на  последните парламентарни и локални избори, сега добива нови димензии.

Особено откако стана јасно дека власта на Александар Вучиќ е цврсто решена да опстои на контроверзниот  проект „Јадар“- ископување  на  литиумот кој се претвори во стратешки метал, неопхпдена за батериите за автомобилите на струја.

Непочитување на граѓанскиот отпор

Притоа, се игнорира спротивставувањето на еколозите, на поголемиот дел од стручната јавноста, на жителите во Западна Србија, кај градот Лозница, каде треба да се уреди ископот од каде ќе се вади литиумот.

Непочитувајќи го и предупредувањето на меѓународни здравствени експерти- за штетноста на литиумот за луѓето, како и на економистите дека ползата од вадењето литиум  не е голема, како што тоа го прикажува власта во Белград. Едноставно- укажувањата на овие луѓе се дека литиумот од локалитетот Јадар, не е откриена нафта за Србија.

Неколку месеци трае расправијата за литиумот и отпорот на луѓето во реонот на Лозница, како и низ целата држава. Сепак, таа се засили откако на 19 јули, владата во Белград и ЕУ потпишаа меморандум за разбирање, според кој на земјите од Унијата им се отвора слободен пристап до српскиот литиум ( и другите суровини) кои се вадат на просторот од државата.

Еколошки протест во Белград

Безмалку еден  месец подоцна, во Белград беше организиран и одржан масовен еколошки протест против мултинационалната компанија „Рио Тинто“ на која и се порачува дека -нема да и се дозволи да се копа и да се вади литиумот и да се уништува и да се загадува човековата околина.

Таквата порака е испратена и до власта која целосно го игнорира несогласувањето на српската јавност, која во овој случај не се однесува само на домашната опозиција, затоа што против овој проект е и голем дел од јавноста која важи за блиска на блокот владеачки партии.

Освен масовниот протест од десетици илјади белграѓани, демонстраните го радикализираа спротвставувањето на рудникот за литиум, блокорајќи патишта, како и пругата во Белград и железничката станица во Нов Белград.

Москва ја заштитува Србија

Во атмосферата во која се наоѓа Србија протестот, уште додека беше само најавен, се најде на удар на српската власт и на дискредитација на режимските медиуми. Врв  на тоа беше откритите на српскиот претседател дека Русија и нејзините тајни служби и помагаат на власта на Вучиќ – да не биде соборена.

Според него, земјата се соочува со заканата од насилни немири и дури од државен удар и дека такви информации биле добиени од Москва.

Медиумите, пак, кои го заштитуваат режимот, ја надградија приказната, со правењето споредба со Украина, односно прикажувајќи го закажаниот протест во центарот на Белград со случувањата во Киев, на Мајдан, во 2013 година, кога беше соборен бруталниот и корумпиран- проруски- режим на Виктор Јанукович.

Кремљ против „шарени револуции“

Споредбата е смешна и без основа- тврдат организаторите на белградскиот протест- инсистирајќи дека тој не е политички, туку само еколошки.

Аналитичарите,пак, потсетуваат дека неколку месеци по падот на Јанукович, руската војска ја изврши својата прва инвазија врз Украина.

Во март 2014 година окупирајќи го Крим, а еден месец подоцна навлагувајќи и во Донбас ( Донецк и Луганск), покренувајќи бунт на локалното русофилско население против новата власт во Киев.

Од тогаш, Кремљ има покренато вистинска војна против т.н. „шарени револуции“ а Владимир Путин отворено изјави дека Кремљ нема да дозволи ширењето на ваквите револуции во Русија.

„Рускиот свет“ до Западен Балкан

Но, излезе дека тоа се однесува и  „рускиот свет“, како што тој го нарекува просторот на екс СССР. Набргу се покажа дека тој свет, што Москва сака да го контролира и да го изолира од  ЕУ, САД и Западот, е поширок па се однесува и на Западен Балкан.

Србија, наводно, како да сака да биде дел од ЕУ, но таа  има подобри односи  со една Русија и со Кина- кои практично ја заштитуваат авторитарната власт во Белград и  ја користат, како вазал за нивната политика во Европа.

Нормално обвинувајќи го притоа Западот за сите внатрешни проблеми и ситуации во Србија. Вклучувајќи го и литиумот, проект што западните земји го подржуваат.

(Д.Б.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе