Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Францускиот филм без Ален Делон

Францускиот филм без Ален Делон

Француската филмска ѕвезда Ален Делон почина во својот дом, во 89-та година од животот. Долго време за него се знаеше дека има проблеми со здравјето и дека не излегува од дома.

Делон беше познат и во Франција и во Европа како „цврстото момче“ во бројните улоги во низа детективски, криминалистички и гангстерски филмови, глумејќи  и покрај  легендарниот актер Жан Габен, како  и со Лино Вентура, но и заедно  со една друга (поранешна ѕвезда од тоа време), каков што беше Жан Пол Белмондо, играјќи заедно во филмот „Борсалино“.

„Вистинска филмска легенда“

На филмот стартуваше во доцните шеесети години на 20 век, а се прослави со улогите  во филмската драма „Гепард“, како и во „Роко и неговите браќа“. Продолжи да снима во годините потоа, се до деведесетите, од кога се поретко го имаше во француските филмови.

Има снимено безмалку 90 филмови од сите жанрови.

За парискиот весник „Паризиен“, затоа, тој претсавува „вистинска легенда на францускиот филм“, додека “Либерасион“  за Делон вели дека беше „актер со посебна харизма“.

Поради нарушеното здравје, ретко се има појавувано во јавноста. Последен пат тоа го има направено во Кан, во 2019 година, при доделувањето на почесната „Златна Палма“ за  животно дело.

Скандали на неговите деца

Од тогаш името на Ален Делон се споменуваше само во врска со  аферите кои ги создаваа неговите три деца од три различни жени- околу неговото негување, лекувањето и имотот.

Жената која со години  се грижела за неговото домаќинство ги има обвинето, на суд,  дека не му ги давале  ниту неопходните лекови.

Но, еден француски судија, во април годинава пресуди дека некогашниот актер не е повеќе способен самиот да менаџира со својот имот.

Во седумдесетите години на 20 век, во времето на неговата слава, Делон и неговата тогашна сопруга, актерката Натали Делон, се врзуваа за аферата околу смрта на неговиот телохранител.

Делон и „аферата Марковиќ“

Станува збор за еден (тогаш ) Југословен од Белград, инаку локален гангстер, кој во Париз се има пробиено до високото општество на познатите и богатите.

Стеван Марковиќ беше најден убиен и фрлен на ѓубриште, но неговите убијци и нарачатели за неговата ликвидација, не беа откриени.

„Аферата Марковиќ“ толку стана позната во француската јавност што за малку ќе ја загрозеше и политичката кариера на тогашниот француски премиер Жорж Помпиду, чија сопруга,  (се откри) дека се познавала ( а некои  тврдеа) дека била блиска со убиениот Марковиќ.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе