Поврзете се со нас

Skopje Global

sweden, bathing jetty, autumnal

Трендови + Општество

На летување во Скандинавија

На летување во Скандинавија

Една студија на ЕУ предвидува дека во наредните години Европејците на летување и одмор, наместо на југот од Европа, би можеле да одат на северот- во Скандинавија.

Ваквото префрлање на туристите се смета дека би можело да се случи како последица на климатските промени, па од таму и навестувањето дека  летен одмор во скандинавските земји, би можело да стане  нов туристички  тренд.

На глечер наместо на плажа

Германско Дојче Веле пишува на оваа тема, следејќи групи туристи  од Германија и од Холандија кои ова лето ги имаат одбрано Норвешка и Шведска како локации за својот летен одмор.

Наместо плажите на Медитеранот, тие се имаат определено за посета на еден од познатите норвешки глечери, соочувајќи се со – студен ветер, со температура од 10 степени и со „сонце со заби“.

Засега, мнозинството туристи и натаму сакаат летото да го минува на јужните европски плажи и во капење во морската вода- во Шпанија и Италија, или некаде во Грција.

Но, за овие луѓе, тргнати да уживаат во студените северни предели, Медитеранот станува премногу топол. Или како што велат- со премногу туристи, со горештини кои се потешко се поднесуваат, па уште и со шумски пожари секое лето.

Климатски туристи

Скандинавците,  туристите кои му вртат грб на југот, за сметка на северот- ги нарекуваат „климатски туристи“, затоа што бегаат од горештините на југот од континентот кои секоја година стануваат поголеми.

„Овде кај нас, тоа го нема. Во Скандинавија температурите ова лето се околу 15 степени, а има и многу дожд“- има речено еден од туристичките водичи кои носат туристи кон глечерите.

Слична ситуација има и во Шведска, каде забрзано се зголемува бројот на туристите кои во лето одат на северот од Европа

Германски туристи, на пример, летово се имаат определено за шведските кампови, наместо за оние во Италија или Шпанија. За овие луѓе, на медитеранскиот брег веќе е премногу топло.

“Нема горештини и врне“

„Станува неиздржливо постојано да сте изложени на 35/36 степени,  бегајќи и сокривајќи се од сонцето. Тоа веќе не е уживање. Овде, пак, температурата е само 19 степени, па дури и врне дожд„- изјавила една германска брачна двојка, летувајќи во еден камп во Шведска.

Повеќето од германските гости  признале дека за прв пат се во Шведска на летување. Домаќините, пак, откриваaт дека овој јули,  ( во камповите) имаат 20 отсто повеќе гости во споредба со лани, во истото време.

Ваквата ситуација ги натера туристичките стратези во Шведска и Норвешка да покренат поинаква кампања , во која студеното време се нуди како магнет за гостите. Кампањата е означена како- Collation.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Трендови + Општество

Горе