Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Северина „сомнително лице“ во Србија

Северина „сомнително лице“ во Србија

Познатата хрватска пејачка Северина (Вучковиќ) – која често гостува во земјите од регионот- е уапсена од српските власти , на границата меѓу Хрватска и Србија, кога се обидела да влезе на српска територија. Патувала во соседната земја, каде таму  требало да настапи на една приватна забава.

Наместо на роденденската забава за која била ангажирана, таа  завршила во полицискиот оддел на граничната станица, каде со часови била испрашувана од српската полиција, која во текот на целата постапка ја третирале како „сомнително лице“.

Подршка на еко протестите

Немале ништо за што обично граничната полиција запира патник, а потоа го приведува. Не станувало збор за било каков шверц, а  ниту за поседување дрога, или за илегално префлање мигранти.

„Гревот“ на Северина се само разните нејзини изјави што ги има давано за некои политички (регионални) состојби , како и  нејзината јавна подршка на протестите во Србија против копањето литиум.

Еко-протестите ја дигнаа на нозе српската јавност, особено откако претседателот на државата еколошките протести ги означи како „шарена револуција“, како обид за „насилно менување на власта“ , а потоа призна дека во пресметката со „ непријателите“ му помагаат руските тајни служби.

„Потерница“ за вербален деликт

Јавноста, сепак, останува и натаму поделена и неединствена  за ова прашање во кое нема политика, туку само грижа за човековата околина и за здравјето на луѓето.

На страната на оваа српска јавност има огласено и популарната хрватска пејачка, што пак е повод властите да ја имаат ставено на списокот на непријателите на Србија и на  српскиот народ.

Тоа за Србите е вербален деликт, па врз основа на постоечкиот список на сторители на таквиот  деликт- како да станува збор за некаква потерница- била запрена на границата , а потоа и приведена пејачката од Хрватска.

Според изјавите на Северина за хрватските медиуми, нејзиниот автомобил бил темелно претресен, па откако ништо не било откриено, таа била ставена на долго испрашување од дојдените за тоа полицајци.

Сребреница, „Олуја“, Туѓман

Била испрашувана за Сребреница , за што како зло и се зема тоа што таа има изјавено дека пред 25 година е извршен геноцид врз босанските муслимани, па затоа летоска ја има подржувано Резолуцијата на ОН за одбележување на злосторството. Тоа меѓутоа за официјален Белград е „антисрпски  документ“.

Била испрашувана и за операцијата „Олуја“ , која во Загреб помпезно се одбележува како ослободителна борба, додека во Белград се третира како етничко чистење и за елиминација на Србите од Хрватска.

Полицијата се интересирала и за логорот во Јасеновац и за некогашнта квислиншка ХДЗ од време на Втората светска војна, па дури и за тоа што таа мисли за поранешниот претседател Фрањо Туѓман.

Откако пејачката – како некакво сомнително лице- морала  да одговара на сите вакви прашања – била ослободена. Тогаш, како на политички подобна по испрашувањето и било дозволено да го продолжи патувањето. Но, Северина одбила да влезе на српска територија и се вратила во Загреб.

Нема извинување за инцидентот

Подоцна таа има изјавено дека „никогаш повеќе нема да дојде во Србија“- порачувајќи  дека ќе се придржува на тоа- „се додека на власт е диктаторот од кого бегаат и Србите“, мислејќи на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Во целиот случај се вклучија веднаш власта, како и сите кои се нејзини пропагатори и создавачи на атмосферата на омраза и на хранење на српскиот национализам.

Тие се нафрлија врз хрватската пејачка- со непристојни лични навреди кои само зборуваат за тоа каква е атмосферата во српската јавност.

Министерот  Ивица Дачиќ потврди дека Северина била уапсена врз основа на списоците за сторен „вербален деликт“. Но, наместо да изрази жалење за инцидентот кој и наштетува само на српската страна, тој и замери на хрватската дека – и таа е иста таква.

Односи на најниско ниво

Се огласи дури и шефот на државата кој најави укинување на списоците со сторители на вербален деликт- што ќе рече со навреда на Србија и на српството- но тој се занимавал со пејачката. Има изјавено дека за неа мисли се најлошо, како и тоа дека таа- „постојано зборува глупости“.

Како и да е и овој случај и непотребен граничен инцидент со една неоилитичка личност, покажува каква е состојбата во Србија.

Но се открива и тоа на колку ниско ниво се паднати српско-хрватските односи, во кои доминира и омразата и недовербата и непостоењето желба за помирување. Повеќе од три децении по распадот на поранешната СФРЈ.

(Д.Б.)

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе