Поврзете се со нас

Skopje Global

white concrete building near body of water

Вести

Австралија – Казни за ширење лажни вести

Австралија – Казни за ширење лажни вести

Владата на Австралија најави дека ќе ги казнува интернет платформите за ширењето лажни вести и дезинформации.

Казната ќе изнесува до пет отсто од глобалните приходи, затоа што неуспеале да го запрат  ширењето на една дезинформација.

Штети на изборниот процес

Се очекува дека на тој начин ќе ги примора платформите да ги усвојат правилата за спречување  на ширењето лажни информации кои, пак, ќе мораат да се одобрат од регулаторите.

Доколку тие не го задоволат регулаторното тело, тогаш регулаторот самиот поставува свои стандарди, а потоа ќе се казнуваат оние кои нема да ги почитуваат.

Новите владини мерки многу брзо ќе бидат претставени во Парламентот, а се насочени против лажните информации кои прво му наштетуваат на изборниот процес, но предизвикуваат штета и на јавното здравје.

Новите мерки, во секој случај,  треба да им се спротивстават на сите повици за прогонување на ранливите групи граѓани, или едноставно предизвикуваат повреди на лица, а конечно, претставуваат и закана за инфраструктурата и за дејствувањето на итните служби.

Компанијата „Мета“ која го има во сопственост Фејсбук, веќе најави дека ќе ги ги блокира информативните содржини , доколкку за нив ќе мора да се плаќаат тантиеми.

Подршка од австралиската јавност

Но, поранешниот Твитер, кој се преименува во Икс , ги укина повеќето регулации на содржините кои се јавуваат на оваа социјална мрежа, откако контроверзниот Илон Маск го купи во 2022 година некогашниот Твитер.

Според министерката за комуникации, лажните вести и дезинформациите претставуваат – „сериозна закана за безбедноста на Австралијанците, но и за демократијата во земјата, како и за економијата и за целото општество“.

Дури четири петини од Австралијанците, или 80 отсто од населението, ја одобрува борбата на владата против раширените дезинформации кои кружат во јавноста.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе