Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Словенка – нов комесар за проширување на ЕУ

Словенка – нов комесар за проширување на ЕУ

Словенечкиот дипломат Марта Кос е новиот комесар на Европската комисија (ЕК), задолжена за проширување на ЕУ и за источното соседство на Унијата.

Таа ќе треба да работи на проширувањето на ЕУ, пред се, со земјите од Западен Балкан кои како да сакаат да се приклучат на Унијата, но самите ( најчесто) не прават ништо за исполнување на условите за влез во елитното европско семејство од 27 земји-членки.

Кос исто така ќе дејствува и во подршката на Украина за нејзиното придружување во Унијата.

Словенците менуваа кандидат

Изборот на Словенка за еврокомесар, на ресорот што западнитебалканци треба најмноигу да ги интересира, дојде по малата криза што ја создаде Словенија при кандидирањето на на новите европски „министри“ во владата на ЕУ. Тоа, инаку, ја одложи птомоцијата на новата Европска комисија за една недела.

Во Љубљана првично беше кандидиран Томаж Васел, за некоја од функциите во Брисел, но неговата кандидатура претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен не ја прифати, па настојувајќи во Комисијата да има повеќе жени (отколку во претходниот мандат) , предложи тоа да биде Марта Кос.

Словенечкиот премиер „свитка кичма“ и го прифати барањето од Брисел, по што Васел се повлече, а владата истакна нов кандидат- Кос која е искусен дипломат.

Добро информираниот бриселски „Политико“ пишува дека за таквиот гест на Словенија и на премиерот Роберт Голоб, Словенците се наградени со доделувањето на едно од поважните комесарски функции.

Тргање на Оливер Вархаји

Марта Кос на оваа функција го менува унгарскиот дипломат Оливер Вархаји, за кого уште пролетоска, бриселски дипломати тврдеа дека  нема да остане на таа позиција, иако и тој и официјална Будимпешта, настојуваа да не биде сменет.

Елиминацијата на Унгарецот не е само поради антиевропската и националистичка политика на Виктор Орбан, туку и поради неговиот неуспех во политиката за проширување на ЕУ.

Настојувањето на Брисел- по руската инвазија врз Украина- забрзано да се  работи за приклучувањето на Западен Балкан- последното парче од Европа што остана надвор од ЕУ- дојде од пртеседателот на Европскиот совет на заминување (Шарл Мишел) и од Урсула фон дер Лајен и ЕК.

Комесар во служба на Орбан

Позициите на Вархаји целосно се урнаа откако се разбра дека тој е повеќе во функција на Орбан, како негов лојален сојузник, отколку на Комисијата во која членува.

Така се разбра дека еврокомесарот за проширување нема ист однос кон сите земји кандидатки, дека силно ја форсира само Србија, пред Македонија, Црна Гора и Албанија, затоа што тоа од него го бара Орбан кој со српската власт има „стратешко партнерство“.

Тоа отиде до таму што европските медиуми открија дека канцеларијата на Вархаји, по негв налог, а на барање на Орбан, дури и ги „фризирала“ оценките за напредокот на Србија. Малку требаше поради тоа овој еврокомесар да биде сменет, но тоа не се случи.

Сепак, бриселски дипломати тврдеа дека „човекот на Орбан“ нема да биде дел од ЕК, но тој остана во Комисијата, откако унгарската страна инсистирала дека немаат друг кандидат. Сега , меѓутоа, го има ресорот за живот и заштита на животните, позиција која не ја сакала ниту една друга земја во Унијата.

Марта Кос (59), пак, е поранешен дипломат на Словенија во Германија и Швајцарија, како и во Летонија и Лихтенштајн. Таа е поранешна новинарка, а пред две години се има кандидирано за претседателка на Словенија.

Захариева еврокомесар

Еврокомесар од земјите од Медитеранот , што е нова позиција во ЕК, стана Дубравка Шуица од Хрватска, додека од регионот еврокомесар за сообраќај и туризам е поставен Гркот Апостолос Цицикостас, ресор за кој  се интересирала и Бугарија.

На бугарската страна , меѓутоа, и припадна ресорот за истражувачки работи и иновации. Еврокомесар ќе биде Екатерина Захариева, поранешен шеф на бугарската дипломатија која во македонската политичка јавност ќе остане запаметена како –  најблаго речено- дволична.

Таа во почечетокот на процесот за градење доверба со Северна Македонија се истакнуваше со настојувањето  за забрзан македонски пат во ЕУ. Но, подоцна се претвори во една од најтврдите бугарски националисти, иако во една прилика – на гости дома, во своето семејство-ги има примено Никола Димитров, додека овој беше министер за надворешни работи.

Сега се зборува дека таа се уште не е сигурна дека ќе го помине „сослушувањето„ во Европскиот Парламент. Во 2018 година таа во својата земја беше обвинувана за продавање бугарски државјанства.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе