Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Јапонија со 96 илјади стогодишници

Јапонија со 96 илјади стогодишници

Јапонија забележа нов рекорд во долговечноста на нејзините жители, откако беше објавено дека во оваа земја од Далечниот Исток живеат, безмалку, 96 илјади лица кои имаат 100 и повеќе години.

Според службените податоци на владата во Токио, дури 90 отсто од нив се жени.

Ваквиот податок, меѓутоа, ја има загрижено владата, затоа што се третира како доказ за демографската криза во земјата, која важи за четвртата по моќ економија во светот. Затоа што големиот број стогодишници значи дека населението во Јапонија – старее и се намалува.

Статистиката на министерството за здравство покажува дека за една година бројот на оние кои имаат 100 или повеќе години е зголемен за три илјади лица. Од овие највозрасните,   84 илјади се жени, а малку над 11 илјади се мажи.

Во минатата 2023 година, во земја со над 100 милиони жители, починале само 40 илјади лица.

Од друга страна, демографите со загриженост посочуваат дека дури 30 отсто од вкупната популација се луѓе на возраст од 65, или повеќе години.

Минатиот месец почина досега најстарата жителка на планетата, извесна Марија Браниас Морере, на 117 годишна возраст. Сега како настар жител во светот се смета една  Јапонка.

Станува збор за Томико Итока. Таа има 116 години. Родена е во мај 1908 година.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе