Сто дена штета на државата
Она што беше речено за новата влада на Северна Македонија, после првите месец иполовина, кои сегашните властодршци се обидуваа да ги прикажат како некакво „ново време“, остана да важи и по навршените сто денови владеење.
Се потврди првичната констатција дека станува збор за влада која е – и неспособна и лажлива и над се- штетна за државата и за нејзините стратешки интереси.
Но, штетна и за граѓаните кои сега можат само да гледаат каква грешка направија, давајќи им мандат на вмровско/бранковистичката коалиција, со кои во заедништво се и тврдите националисти од албанскиот политички блок.
Ќосето и железната ограда
Од сите националистички и популистички ветувања, од реформита и од транспарентноста и борбата со корупцијата -нешто што не може да се поврзе со вмровците- останаа како показател за сработеното , само две работи.
Враќањето на споменикот на една крајно котроверзна личност од историјата- ликвидаторот Ќосето- и враќањето на железната ограда со која избеганиот екс премиер (за да не служи затвор) се беше обезбедил од народот.
Две работи што ги смисли и ги направи груевистичкиот режим и по чиј налог сега се враќаат.
Овие „реформски“ потези, во секој случај , се доказ за старата, добро позната ароганција на вмровците во 11-те години од нивното претходно владеење, исполнето со бруталност, корупција и криминал, што сегашната коалициска гарнитура, од старот покажува дека ќе сака да го копира.
Неморално и лажно
Тоа е коалиција во која е еден генерален секретар на „груевизмот„ и ист таков на „бранковизмот“. Во владината коалиција има и тројца градоначалници за кои велат дека ништо немаат направено, освен што им служеле на своите партиски газди, како и една министерка- нова Бугарка.
Таа самата се има одродено од својот македонски идентитет, декларирајќи се дека е Бугарка по род, со бугарска самосвест, за да стане државјанин на земјата против која, инаку, војува владата во која членува. Сега уште правејќи се недоветна, тврдејќи дека не знае оти е запишана во соседството како тамошен државјанин со бугарски национален идентитет.
Не е страшно што има во владата и една Бугарка , кога националниот состав на владата е шарен, каков што на е и државата, но неморално е и лажно патриотски е- од неа и од премиерот- да продаваат антибугаризам , за да се покрие нивниот и вмровскиот анти-европеизам.
Назад во „груевизмот“
А тоа е она по што ова друштво на власт е познато, уште од пред изборите, што гласачите тоа го знаеја, а сепак, се определија на такви какви што се, да им дадат мандат.
Во само 100 изминатии денови се покажува дека мандатот бил- да не се оди напред, за да не се продолжи таму каде претходната влада стигна. До самата врата од ЕУ, прв пат во изминатите 33 години независност.
Наместо тоа, треба да се дејствува назад, во минатото. Враќајки се во времето што избеганиот екс премиер, кој и сега раководи со партијата, преку неговите послушници, го има оставено како обврска што мора да се почитува.
Затоа некои политички аналитичари оценуваат дека не се знае каде ќе оди оваа влада, предводена од еден неспособен премиер кои се гордее со своето однесување- спротивно на интересите на државата.
Вазал на Орбан-копија на Вучиќ
Особено што со него има и путиновци, и про-куртиевски следбеници и проорбановци- политичар отфрлен од ЕУ како злото во Унијата- како и оние кои и натаму му се лојални на Бранко Црвенковски , на неговиот „комитлак“ на стари години и неговото самољубие.
Една ваква шарена дружина би можела да почне да зборува и за БРИКС ( наместо за ЕУ), не знаејќи ниту што е тоа, ниту дали некој таму ги сака, а уште помалку, не разбирајќи дека оваа антизападно друштво и самото е налик на владата на Северна Македонија- како рогови во вреќа.
Според тоа, не се знае што може да направи влада која добива команди од Будимпешта, која станува вазал на еден Виктор Орбан, која има премиер кој не сокрива дека го копира претседателот на Србија, притоа, настојувајќи да наликува на Александар Вучиќ, фалејќи се дека ќе биде и подобар од него.
Растурање на добрососедството
После растурањето на тешко уреденото добрососедство, од страна на претходната, проевропска влада, за хаосот на надворешен и внатрешен план, оваа влада- од почетокот- бара виновници и ги наоѓа- кај другите.
Прво , кај претходната власт, потоа кај Бугарија (која немала стабилна влада), па кај Грција (која премнигу барала од договорот од Преспа) и кај Албанија ( која решила да не откачи, на патотот за ЕУ).
Така се доаѓа до серијата промашувања- како шлаканицата дека нема враќање на името и повторно преговарање за она за што има спогодба. Но и до низата популистички и лажни ветувања.
Делењето на сите сите пензионери по 2500 денари, и ветувајќи уште еднаш на крајот од март, со што во буџетот се создаде празна дупка од 200 милиони евра.
Нема пари за зголемување на платите
Нема ништо од ветените повисоки плати за наставниците, нема зголемување на платите за сите, урнат е системот што го создаде претходната влада за усогласување на платите и пензиите.
Поради тоа, реално по овие 100 денови, платите на сите се намалени за илјада денари, а нема најави ниту дека ќе се интервенира за заштита на стандардот на луѓето.
Едноставно, нема пари и покрај договорот за заем од Унгарија- направен во четири очи- затоа што мора да се покријат трошоците за четири нови министерства, а тоа значи за цела (нова) армија партиски вработувања, затоа што тие се идните гласачи на груевистите, бранковистите и на албанските активисти- на кои ЕУ им е последната работа за која тие размислуваат.
Меѓутоа, оваа влада има пари за рашетување на детето на премиерот, на неговиот министер и личен адвокат во Америка- на државен трошок- иако шефот МВР нема што да бара на Самит на НАТО. Патувајќи во прва класа, затоа што премиерот имал проблеми со колениците, без разлика што се има пофалено дека е џогер.
Плашење на народот
Сета таа работа ќе се покрива со ширење лажни приказни за наводни настојувања за „дестабилизација“ на државата, уште фалејќи се дека остро ќе се реагирало.
Ваквите приказни за плашање на народот од „албанската закана“ – врзувајќи ја за ДУИ – е уште една парада за наивните гласачи. Вмровците од сегашниот врв, тајно, во Мала Речица се договараат со партијата ДУИ за ново коалицирање.
Во меѓувреме, на „патриотските гласачи“ на кои им се ветуваше дека земјата пак ќе бидела „македонска“ , ќе им се зборува да не бараат повисоки плати и пензии.
На медиумите ќе им се ограничува слободата, а судството и безбедноста веќе забрзано се партизираат. Правејќи пат за враќање на екс премиерот осуденик за корупција- која се раководеше од неговата премиерска канцеларија.
(Спектатор)