Најпопуларна песна за Божик
Мараја Кери и нејзиниот хит -All I Want for Christmas is you- е убедливо најпопуларната и најпродавана песна за Божик , што било кога досега се има објавено пред празниците, која на Мараја секој декември и носи нова, висока заработувачка.
Според листите кои се прават, хитот -Се што сакам за Божик си ти- е најголемиот успех на пејачката , која досега има продадено над 16 милиони примероци. Песната која секоја година, пред празниците се врти н слуша низ целиот свет, важи и за 12-та најпродавана божикна песна во историјата на музиката.
Се смета дека доколку овој хит би се понудила некому, би се продала за 30 до 4о пати повеќе од вредноста на приходите што ги остварува на годишно ниво. Со оглед дека само во декември песната заработува по над 600 илјади долари, проценка е дека секоја година на Мараја Кери и носи меѓу два и четири милиони долари.
Во 2019 година, хитот за прв пат се искачи на првото место на листата на списанието „Билборд“, на најслушаните 100 нумери, и тоа цели 25 години по нејзиното создавање и појавување на пазарот.
Во 2020 година, овој хит на Кери за прв пат се искачи на првото место во Британија и остана рекордни 69 недели на листата од 40 најслушани песни.
Од 1994 година , па до сега, само од овој божикен хит, Мараја Кери има заработено над 80 милиони долари.