Безос не дозволува шеги на негова сметка
Познатата американска каријатуристка Ен Талнес, добитничка на престижната Пулицерова награда, демонстративно поднесе оставка и ја напушти редакцијата на „Вашингтон Пост“ , откако уредништвото одби да ја објави нејзината карикатура во која таа го критикува и исмева однесувањето на Џеф Безос- сопственик на весникот.
На карикатурата на која покрај Безос е прикажан и Марк Цукерберг, газдата на Мета (Фејсбук/Инстаграм) тие двајцата (во друштво на уште неколкумина други)- коленичат пред Доналд Трамп.
На ручек кај Трамп
Карикатурата која на интернет ја имаат видено повеќе Американци од оние кои го читаат весникот, се појави во време кога, прво Цукерберг, а малку потоа и Безос отидоа во Флорида, во вилата на Трамп, на „пријателска посета“ и на „работен ручек“ кај новоизбраниот претседател.
Набргу потоа, Мета објави дека ( во САД) го укинува системот на проверка на фактите (што беше поставен како заштита од лажните вести), нешто што го бараше Трамп, додека војуваше со Фејсбук, а Безос соопшти дека го сели својот имот и седиштето на Амазон , од Сиетл во Флорида, блиску до Трамп.
Карикатуристката, во меѓувреме на Твитер (сега Икс) изјави дека- колку што го познава карактерот на Безос, тој никогаш нема да дозволел да се појави нејзиниот цртеж.
Цензура на милијардерот
Така и се случило- до уредникот на рубриката за анализи и коментари во весникот, стигнала наредбата- карикатурата на Талнес да не се објавува.
„Да се разбереме- не секогаш и не сите мои карикатури биле објавувани. Имало случаи кога моитте цртежи беа одбивани, или се барало да бидат преправени, Но, никогаш досега не се случило да се забрани карикатура поради изразениот став во неа, А,тоа е голема промена и нова ситуација, која е закана за слободата на медиумите„ -изјавила карикатуристката.
Уредникот кој ја испочитувал наредбата на Безос се обдува да ја смири ситуацијата во редакцијата. Тој има речено дека- ја донел одлуката „само затоа што имало текстови од други автори ( во весникот) на истатат тема , па тој не сакал сето тоа да заличи на некаква кампања.
Во „Вашингтон Пост“ Талнес е од 2008 година.
Џеф Безос, пак, го има купено весникот- своевиден бастион за слободата на медиумите и демократијата во американската „седма сила“- секогаш близок до американските демократи- во 2013 година.
Весникот што го собори Никсон
На почетокот овој милијардер има ветувано дека весникот ќе го задржи својот идентитет, но со текот на времето работите почнаа да се менуваат. Тоа предизвика остри судири и несогласувања во редакцијата, како демонстративни заминувања на новинари.
Особено откако (за прв пат) досега Безос не дозволи редакцијата да се определи за еден од кандидатите на последните претседателски избори, што беше традиција. Напишаниот текст со подршка на Камала Харис- остана необјавен.
Победи волјата на газдата на „Вашингтон Пост“ , но весникот од тогаш има ззагубено многу претплатници.
Лугето не може да прифатат еден таков пад на весникот кој на крајот од шеесетите години на 20 век ја откри аферата „Вотергејт“ и успеа да го собори тогашниот претседател на САД Ричард Никсон.
(В.А.)