Каков татко-таков син
Доналд Трамп-Јуниор, син на новоизбраниот претседател на САД, има регрутирано луѓе на Гренланд, за да изигруваат подржувачи на Трамп, кога синот ќе се појави на аеродромот во Нуука, главниот град на големиот остров на кој живеат само 57 илјади жители.
Станува збор за „купена“ група бездомници и стари луѓе , кои како надокнада за тоа што глумеле подржувачи на Трамп, добиле бесплатен ручек во (инаку) скапиот хотел во градот.
Бесплатен ручек- за награда
Токму тоа- гоштевањето во таков хотел- ја има откриено и измамата околу „топлиот и срдечен“ пречек на Гренланд на синот Трамп, затоа што локални луѓе имаат изјавено дека тие луѓе ниту имаат можност, а ниту имаат пари за таков луксуз, живеејќи како бездомници, од социјална помош.
За претставата на синот на Трамп, прво има реагирано едно локално радио. Повикувајќи се на низа веродостојни извори (долгогодишни жители на градот), како и на видео снимка, радиото има откриено дека луѓето собрани на аеродром, за да го поздрават Јуниор , се видени подоцна како се гоштеваат во скапиот хотел.
Освен што морале да му ракоплескаат на младиот Трамп, на аеродромот, платените бездомници морале сите да имаат на себе и капи со пропагандниот слоган на Доналд Трамп-да ја направиме Америка одново голема (МАГА).
Трамп купува странска територија
Весникот „Екстра Бладет“ има објавено фотографија како истите овие луѓе- изнајмени да глумат дека се трамповци- делат низ градот капи со истиот слоган кој уште во првиот претседателски мандат го има промовирано таткото Трамп.
Неговиот син, пред три дена, допатува и престојуваше на Гранланд за да си сними поткаст.
Истиот ден, таткото сега веќе избран како претседател (одново) се закануваше дека ако треба ќе преземел воени и економски мерки и силен притисок, за да обезбеди целосна американска контрола врз островот.
Гренланд е на Данска
Гренланд е територија во реонот на Арктикот која со години е под контрола на Данска. Земјата , силно подржана од ЕУ остро реагираше на апетитите на Трамп да ја купи оваа територија.
Зашто му е сето ова потребно на Доналд Трамп – да прави лажни претстави, уште не влезен во Белата куќа- не е до крај јасно, освен дека се покажува она народното- каков татко, таков син.