Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Цукерберг баци рака

Цукерберг баци рака

Сопственикот на американската Мета (Фејсбук и Инстаграм меѓу другото) Марк Цукерберг, беше во Флорида, на ручек со Доналд Трамп и веднаш по тоа обелодени дека неговата компанија треба радикално да ја менува политиката во компаниските социјални мрежи.

Односно, како што самиот има објаснето по разговорот со новоизбраниот претседател, дошло време- Мета да се „врати на своите корени“ , што за овој  милијардер значи- напуштање на воспоставениот систем за проверка на фактите на платформите.

„Мета се враќа на корените“

Всушност, сега најавува прифаќање на она што уште од времето на првиот претседателски мандат го бараше Трамп, кога почна да војува ( тогаш со Твитер, па потоа и со Фејсбук) обвинувајќи ги дека се против него.

Посебно во времето кога по изборниот пораз пред четири години,  лажно и со ништо недокажано тврдеше дека е „жртва на изборна измама„ ширејќи лажни вести и дезинформации.

На овој начин, онаа карикатуристка од „Вашингтон Пост“ излезе дека беше во право кога на својот цртеж-коментар го има ставено и Марк Цукерберг, како со уште некои други тајкуни, коленичи пред Трамп, откако објави дека наредил укинување на контролата на фактите, за сметка на она што сега го означува како- враќање на слободното изразување. 

Нема веќе проверка на фактите

Според него тоа  „враќање на корените“ и „слободата  во изразувањето“ – без проверка на фактите и интервенција на заедницата- ќе се изведе со „помош и подршка на новата администрација на САД, со Доналд Трамп“.

Но, за збунетата и загрижена јавност, ваквата промена на позицијата на Мета значи само дека Марк- „бацил рака“ кај Трамп, или што ќе рече- прифатил да игра во овој бизнис онака како што сака претседателот , ставајќи се на тој начин во редот на трамповите олигарси.

Нешто што наликува на путинова Русија и тоа како ги има  средено односите  новиот руски „цар“  со тамошните олигарси, а што Американецот го посакува , не сокривајќи го своето воодуѓевување со разните деспоти и диктатори, завидувајќи им што тој нема овластувања да владее со САД како еден Путин.

На ручек кај Трамп

Во текот на своите опозиционерски години, кога беше соочен со бројни судски процеси за случаи кои излегоа во јавноста,  Трамп, налутен на сите кои не го подржуваа во неговото лажно тврдење за наводно  „украдента изборна победа“, јавно му се закануваше на Цукерберг –  дека ќе го уапси ако победи на годинешниве избори- за ширењето „лаги за него“.

Сега се знае  дека апсење нема да има, а Марк „пее друга песна“. Отворајќи пат за газење на приватноста и за масовно креирање дезинформации и лажни вести на платформите, затоа што истиот Цукерберг сега е против ( од Мета) воспоставените Fact Checker со Community notes.

Наместо тоа, сега заговара „слобода на говорот“, што требало да ја замени „цензурата„- како што газдата на Мета ги означува поверувањето на вистината на фактите, што се изнесуваат на Фејсбук, на Инстаграм или Тредс.

Преселба во Тексас

За да биде уште повеќе потенциран пресвртот во делувањето на платформите на Мета и нивното (практично) врзување за барањата на Трамп, во службената изјава на газдата на компанијата , Цукерберг тврди дека – проверката на фактите било „политички пристрасно“ .

Што ќе рече дека тоа ја „уништувало довербата во Фејсбук/Инстаграм, наместо да се создава и да се гради“.

Конечно, по ручекот кај Трамп, компанијата објави дека ги напушта Сиетл и Калифорнија и се сели во Тексас, една од сојузните држави- тврдините на Трамп и на конзервативизмот на Америка.

Таму- вели Цукерберг- имало помала загриженост за пристрасноста на тимовите на Мета.

„Ослободување од цензурата“

Сето тоа значи дека од платформите на оваа компанија ќе се елиминираат цела низа ограничувања за теми , какви што се имиграцијата, имигрантите и за родовата еднаквост.

Станува збор за теми кои Трамп во кампањата за изборите, за да ги првлече за себе ултра десничарите и расистите ги направи витални американски прашања, па се закануваше со депортации, со прогонување и блокирањето  на она што ( за него) не е нормално.

Остана притоа нејасно, дали  со Илон Макс ќе ги сместат жените- дома да раѓаат и да одгледуваат деца, наместо да работат во државната администрација, во рамките на најавената „чистка“. Како што тоа го предвидува контроверзната програма „2025“ на крајно конзерваривната, републиканска десница.

Напад врз Европа/ЕУ

Како и да е, Марк и не сокрива дека компанијата ќе работи околу ова заедно со Трамп – како што вели- за да ги натераат владите во светот ( да  тргнат по примерот на Мета), за  да се отргнат од цензурирањето на платформите на што се имаат определено.

Цукерберг притоа ја споменува Европа/ЕУ која според него – „има се повеќе закони и правила кои ја инситуционализираат цензурата“- уште една од поранешните обвинувања на Трамп, кога одлучи да си направи своја платформа.

Ваквата елаборација на Цукерберг, меѓутоа, покажува дека и тој сега станува дел од она што грубо и силеџиски го прави Маск , кога ровари низ ЕУ и низ Европа, „сменувајќи“ влади и премиери и јавно дисквалификувајќи политички лидери на Западот , мешајќи се во внатрешните работи на странски земји.

Злоупотреба на технологијата ?

Тоа, конечно, потврдува дека зад она што го прави газдата на Икс, водејќи антиевропска кампања , сепак, стои Доналд Трамп.

Со Мета, или со Икс и другите новоизбраниот претседател на САД сака да ја пресече  наводната „цензура„ секако, не водејќи сметка за правата на луѓето, за човековите слободи и за злоупотребта на новата технологија.

Над се за ширењето на злото на расната и секава друга омраза на социјалните мрежи, за промовирањето на насилството и дискриминацијата и за почитувањето на фактите и на вистината.

Простор за дезинфрмации

Според Марк Цукерберг и неговото друштво, за тоа се винови сите кои заговараат социјалните мрежи да делуваат уредени, за да не дојде до раскол во општествата.

Притоа, а  ги окривува и медиумите кои инаку трпат многу од разаните платформи на кои и сега има измислици, лаги, дезинформации и лажни вести.

На огласувањето на газдата на Мета, колку што се знае засега јавно има реагирано само Британија. Тамошната влада порача дека ќе дејствува само во рамките на британските закони.

(С.С.Г.)

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе