Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Трамп ќе го освојува Холивуд

Трамп ќе го освојува Холивуд

Доналд Трамп, во стилот на веќе познат десничар и популист кој сака да има целосна контрола врз сите работи во државата, вклучувајќи ја и културата и забавата, уште пред да биде инаугуриран, објави дека има намера го освојува и Холивуд.

Тој дел од популарната култура и забава, ( во најголемиот дел) никогаш не бил наклонет кон републиканците во Америка, а ниту тие кон филмаџиите и тој бизнис. Познато  е дека поглемиот дел од тој свет ( обично) им е наклонет на демократите.

Специјални амбасадори

Трамп, пак, таков каков што е, има решено да ја измени таа ситуација, па сега има определено дури тројца „специјални амбасадори„ за Холивуд. Сите тројца се ветерани на филмот- некогашната ѕвезда Мел Гибсон, остарениот Џон Војт и Силвестер Сталоне кој се уште се тепа во филмови.

Официјално, нивната улога ќе биде да се потикнела домашната продукција  затоа што новоизбраниот претседател има утврдено дека се повеќе и се почесто, филмската индустрија се одлучува да снима некаде во странство- најчесто во Британија, во Канада и Австралија.

Наводно, Холивуд имал изгубено многу зделки во – изминатите четири години- што ќе рече во годините на бајденовата администрација- што звучи многу политикански и балкански.

„Очи и уши на претседателот“

„Овие тројца талентирани  луѓе ќе бидат моите очи и уши, а јас ќе го направам она што тие ќе предложат, за да биде Холивуд одново голем и златен“- рекол Трамп.

Трамповиот интерес за Холивуд доаѓа откако гувернерот на Калифорнија ( демократ)- каде е сместен светот на филмот- го потпиша новиот буџет за оваа сојузна држава со кој токму за потикнување на филмот се определени 100 отсто повеќе средства, или 750 милиони долари годишно.

„Амбасадорите“ инаку сите се приврзеници на Трамп- Гибсон се откри откако остро го нападна гувернерот на Калифорнија, за Војт се разбра од неговата ќерка (Анџелина Џоли) дека таткото скршнал кон десницата, а аа Сталоне стана јасно кога  за  Трамп рече дека е – „новиот Џорџ Вашингтон“.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе