Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Лондон: Тунелите туристичка атракција

Лондон: Тунелите туристичка атракција

Тунелите во Лондон, изградени за засолнување на граѓаните  од бомбардирањето на нацистичата, хитлерова авијација, во текот на Втората светска војна, ќе се претворат во најновата туристичка атракција на британскиот главен град.

Станува збор за над 1,6 км тунели што веќе ги има откупено една компанија која  сега соопштува дека ќе ги отвори за јавноста- нудејќи ги на домашните и на странските туристи- за посета и за разгледување.

Канцеларијата на Јан Флеминг

Тие се наоѓаат под самиот центар на Лондон, во квартот Холборн и толку се високи што во некои делови,  низ нив може да минува и туристички автобус на два ката.

Тунелите почнало да се градат во 1940 година, кога нацистичките авиони почнале речиси секој ден и ноќ да го бомбардираат градот. Пред да се изградат, во време на нападите луѓето се сокривале во тунелите на лондонската подземна железница.

Но, кога целата мрежа биле конечно била изградена, воздушните напади веѓе престанале. па тунелите не се никогаш како засолниште .

Во 1944 година тунелите биле уптребени како место каде се сместил штабот на британската тајна служба и таму има работено- како разузнавач во поморската шпионажа и Јан Флеминг, авторот на Џемс Бонд.

Отворање за три години

Се верува дека токму тоа што Флеминг работел под земја, од еден од туенелте, придонело во сите романи ( и филмови) за креирањето на специјалниот оддел „К“ каде Бонд оди  за да се снабдува со специјалните оружја и со опремата за неговите мисии.

Во тунелите, триесетина метри под земјата, во педесетите години на 20 век биле уредени  бар и кантина за 200 лица, а во шеесетите години, во еден период таму  била поставена и телефонска централа. Веќе од седумдесетите години, тунелите  се празни.

Отворањето на оваа нова туристичка атракција во Лондон  е планирана за почетокот на 2028 година.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе