Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

„Со Трамп-Србија може да го признае Косово“

„Со Трамп-Србија може да го признае Косово“

Поранешниот американски советник за национална безбедност Џон Болтон верува дека со Доналд Трамп, како претседател, Република Србија би можела да го признае Косово, врз кое инаку нема никаква контрола веќе четврт век, по српското повлекување од поранешната покраина, со договорот од Куманово. 

Според Болтон, враќањето  на Трамп во Белата куќа, потоа неговиот пристап кон регионот (Западен Балкан), а посебно кон Косово и тамошната ситуација, може да доведе до решавање на косовското прашање, или пак до повторното враќање на идејата за корекција на (северната косовско/српска граница)- идеја што Европа ја има веднаш отфрлено, уште кога прв пат се појави.

„Со Трамп е се можно“

Изјавата за Си-Ен.Ен доаѓа по (повторното) распалување на страстите во регионот во врска со инвестиците на зетот на претседателот на САД – во Албанија и во Србија , при што владата во Тирана ја има прогласено компанијата на Џаред Кушнер за „стратешки инвеститор“.

Во Белград, пак, ( каде нема влада) веројатно се чека на политичката разврска во земјата, која е во длабока криза. Во српскиот случај опозицијата и поголемиот дел од домашната јавност се против тоа зградата на екс Генерал-штабот на некогашната ЈНА да се претвори во хотелско-бизнис центар.

За американскиот весник „Њујорк Тајмс“ , и во двата случаи, станува збор за „ обично  купување влијание“ во Вашингтон, кај новата администрација на САД.

Затоа Болтон, искусен дипломат кој беше и амбасадор на САД во ОН, во времето на Џорџ Буш, забележува дека „сега со Трамп е се можно “.

Особено кога се има во предвид што прави претседателот со претходната администрација, со луѓето и со одлуките кои тие ги имаат носено- поништувајќи ги со претседателски декрети- најчесто за одмазда.

Улогата на Гренел

Болтон признава дека засега нема сознанија како ќе се развиваат работите во врска со косовските Албанци, поврзувајќи го тоа со однесувањето на Ричард Гренел, кого Трамп го именува за советник за специјални операции, за кого поранешниот советник за национална безбедност ( не крие) дека нема високо мислење.

Во изминатите денови тој на два пати даваше изјави за Косово, критикувајќи го Албин Курти дека е изолиран од меѓународната заедница, а потоа на само 24 часови пред  косовските избори, го обвини дека лаже кога зборува за „подршката што ја има во САД“.

Бриселско „Политико“ за однесувањето на Гренел пишува дека дејствува  како кампањер против косовсккиот премиер, а тој ( во првата админстрација на Трамп) веќе имаше лоши односи со косовскит политоќло лидери, лобирајќи отворено за Белград. Сега, меѓутоа, тој има функција и мандат да управува со кирите низ светот, а тоа значи и за Косово.

 Министерот или советникот

Болтон потсетува дека Гренел имаше амбиција да биде дури и државен секретар. Не стана, па сега шефот на Стејт департментот Марко Рубио треба да покаже како ќе се постави во оваа ситуација.

Односно, дали косовското прашање ке му биде оставено на Гренел, како не трампов потрчко. кој работи што ќе му се побара, или новиот прв дипломат на САД ќе го задржи за себе и за Стејт департментот.

Сега поранешниот советник предупредува дека не може да се постигне траен мир меѓу Косово и Србија доколку двете страни сериозно не се зафатат со решавњето на косовското прашање.

Доколку Гренел добие право да се меша и притоа навива за Србија ( како што се верува) за да му се неметне решение на Косово, сигурно е дека работите нема да функционираат, како што работите ќе останат заглавени и доколку на Србија и се наметнува решение, вклучувајќи  и барање за  меѓународно признание.

Чекајќи меѓународно признание 

„Мислам дека тоа е можно само ако Трамп утврди дека разрешувањето на косовското прашање му обезбеди нему меѓународно признание за некаков миротвирец. Во тој случај. Трамп бо навалил со сите сили за некакво решение.

Во секој случај, според Болтон станува збор за сложено прашање, кое не му гарантира на Трамп сигурен успех, па затоа го остава на страна, или го чува за решавање како дел од целиот источен комплаке- со војната во Украина, со руските закани кон соседите, сега и кон Молдавија.

И тоа, меѓутоа, не е лесно и дури е и потешко за разрешување од Косово. Трамп се фалеше дека же го разреѓи косовскоит чвор за 24 часови, откако ќе ги остави затворени во една сова Зеленски и Путин да преговараат додека не се спогодат. Сега зборува дека ќе требаат „најмалку шест месеци“ за да се дојде до мир во Украина.

„Политички необразуван“

Џон Болтон беше советник за национална безбедност додека не му прекипе да го светува Трамп (во првиот мандат) откако тој ќе ги ислуша и Гренел и Кушнер, кој тогаш беше специјален пратеник за Блискиот Исток.

Во минатото лето објави биографска книга во која Доналд Трамп го опиша како „ арогантен и намтурест човек, одмаздлив и политички необразуван. За надворешната политика се интересира само ако во тоа види личен интерес“.

 

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе