Српски студенти во штафетен маратон до Брисел
Вкупно 21 студент од Србија утринава започнаа штафетно маратонско трчање до Брисел кое е предвидено да трае 18 денови. Во главниот белгиски град и седиште на ЕУ, стдентите треба да стигнат на 12 мај.
Тие носат писма до европските институции во врска со политичката и општествената ситуација во земјта која е длабоко поделена- на т.н.лојалисти и приврженици на режимот на српскиот претседател и на продемократските сили кои бараат темелна реформа на државата, за да и таа стане- како што велат- нормална европска земја.
Барање подршка од Европа
Ова движење го покренаа српските студенти од универзитетите во Белград и Нови Сад, на кои им се приклучија и оние од Крагуевац, Ниш и Нови Пазар.
Повод беше паѓањето на настрешницата на реновираната железничка станица во Нови Сад, но масовните протести и блокадите на режимските институции- судови, обвинителста и медиуми- со чија помош (според студентското движење) се одржува автократската власт на Александар Вучиќ веќе 13 години, се насочени и кон него , барајќи промени.
На ова движење му се приклучија граѓаните на Србија, што кулминираше со поламилионскиот протестен митинг во Белград пред еден месец, со блокадите и штрајкот на академската јавност и просветарите и со (веќе) 11 дневна блокада на државната телевизија РТС.
Две илјади километри до Брисел
Според тоа, штафетниот маратон е израз на протест и на незадоволство на студентите ( и граѓаните кои се со нив) за ситуаијата во земјата , како и со досегашната, главно блага реакција на европските институции кои се имаат определено за немешање во внатрешните проблеми на Србија.
Маратонците според системот на штафетно трчање треба да поминат две илјади километри. Студентите се поделеи во пет групи , така што додека една група трча, другите се во комби возило кое ги следи. Делниците за трчање се по дваестина километри. Тоа значи дека не трча до Брисел една иста група, но сите заедно ќе истрачаат до седиштето на Унијата.
Белгрдските медиуми јавуваат дека суермаратонците се стигнати до Осијек, а утре продолжуваат кон Вировитица и Вараждин, трчајќи низ Хрватска.До Брисел имаат пат низ пет други земји на ЕУ.
