Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Обама купува куќа од 12 милиони долари

CheriAlguire/BigStock.com

Обама купува куќа од 12 милиони долари

Поранешниот американски претседател Барак Обама купува куќа со имот од неколку десетина хектари, во престижното одморалиште Марта Винјард, на атлантскиот брег, во сојузната држава Масачусетс, јавуваат американските весници. Според овие извори, станува збор за голема куќа во која меѓу другото има седум соби за спиење и дури девет бањи.

Куќата и имотот се во местото Едгартаун и изгледа дека подолго време не можеле да се продадат, па цената на два пати била намалувана од првично побараните 22,5 милиони долари. Не се знае кога во наддавањето се вклучил Обама.

Весникот „Вол Стрит Џорнал“ кој прв ја има објавено оваа информација, објаснува дека Барак и Мишел Обама и нивното семејство, со години на ред, на летување одат во Марта Винјард, а таму тие не се единствените високи и познати личности, како и дека одморалиштето е популарно кај политичарите и посебно кај претседателите на САД.

Во времето на поранешниот претседател Џон Кенеди и на целиот негов клан, Марта Винјард важеше за „тврдината“ на ова познато американско политичко семејство. Подоцна таму, одеа на одмор или купуваа имоти и престојуваа и многу други, меѓу кои и Бил и Хилари Клинтон, како и уште еден политичар од редовите на Демократската партија, поранешниот сенатор на Масачусетс и екс државен секретар Џон Кери, која има купено куќа.

На Марта Винјард своја куќа имаше и поранешната прва дама на САД Жаклин Кенеди, која подоцна се премажи за грчкиот бродосопственик Аристотел Оназис. Сега куќата е ставена за продавање за цена од цели 60 милиони долари.

Пилотирајќи со мал авион, на пат за ова популарна богаташка дестинација во Америка, во неговата близина, загина и синот на Џон и Жаклина Кенеди, заедно со својата сопруга и со нејзината сестра.

Доаѓањето на семејството Обама уште повеќе ќе го подигне рејтингот на Марта Винјард, кој и онака е мошне висок.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе