Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Спасена волемија стара 200 милиони години!

Фото: Блу Маунтин, Австралија. lovleah/BigStock.com

Спасена волемија стара 200 милиони години!

Во екот на големата и често натчовечка битка на Австралијанците со 4,5 месечната огнена стихија, која како никогаш до сега им има нанесено тешки оштетувања на локалната флора и фауна, една операција за спасување на малечка шума со исклучително ретко и вредно дрво – австралиската волемија – внесе и оптимизам и верба дека сегашните катастрофални пожари , сепак, на крајот, нема се да уништат.

Операцијата била изведена тајно (!) со знаење само на оние кои биле вклучени во неа, само за да не се открие локацијата на шумичката во која нема повеќе од 200 дрва од оваа праисториска врста.

За неа експертите велат дека е стара 200 милиони години и дека е од времето пред диносаурусите, па затоа волемијата , често, ја нарекуваат и последниот жив фосил.

Заштитен прстен

Во светот постојат само помалку од 200 вакви дрвја кои се живи во природни услови, сите сместени на „тајна локација“ , длабоко во планините северно од Сиднеј.

Кога стана јасно дека пожарите се приближуваат кон тој дел на сојузната држава Нов Јужен Велс и кон малата шума со волемија, покрената е тревога и во тајност, за да не се открие локацијата на дрвото-жив фосил , е почнато планирањето на операцијата за да не се дозволи да го проголтаат пламените јазици стихијата.

Прво околу шумичката бил создаден безбедносен обрач, своевиден заштитен прстен со помош на специјални огноотпорни материјали. Потоа на планината се спуштиле противпожарни „ специјалци“ кои со ботанички експерти поставиле систем што ќе ја наводнува целата локација и на тој начин ќе ја обезбедува со потребната влага , но ќе спречува и ширење на огнот кон малечка шума со вредните стебла.

Тајна локација

„Ова беше досега невидена операција“ – воодушевено има изјавено министерот за екологија и човекова околина на Нов Јужен Велс, Мел Кин.

Австралиските власти и после оваа интервенција продолжуваат да ја чуваат во тајност локацијата со дрвјата волемија, иако таа се наоѓа во Националниот парк „Блу Маунтин“, само за да дрвјата не бидат „нападнати“ од туристите.

Илегалните посетители би биле голема закана за опстанокот на толку старата растителна врста во австралиската дивина – предупредуваат експертите. Посетителите , според нив, би ја пореметиле регенерацијата и би донеле некои болести, што за ова дрво би биле смртоносни.

Медиумите кои имаат пишувани за ова, велат дека семе од ова дрво е разнесено низ ботанички градини по светот, за да биде сочувана како посебна врста, но само во Австралија, „некаде во пошироката околина“ на многумилионскиот Сиднеј, волемијата единствено живее во дивина.

Во таа малечка шума која беше одбранета од пожарите.

(Г.И.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе