„Прозборе“ мумија стара 3000 години
Британските научници, користејќи 3Д принт-технологија, одново го креираa гласот на еден старо-египетски свештеник, мумија. Свештеикот Несјамун живеел пред три илјади години, а на сегашните научници им успеа да откријат како звучел неговиот глас.
Според европските медиуми, научниците всушност успеале да репродуцираат звук кој, како што објаснуваат оние кои го слушнале, наликува на долг спој на буквите „е„ и „а“. Електроничарот Дејвид Хауард од лондонскиот Универзитет Ројал Халовеј објаснил дека тоа што се слуша е глас испуштен од грлото, во положбата во кое телото било сместено во саркофагот.
За својот потфат, прв од ваков вид, Хауард и неговите колеги ја одбраа мумијата на староегипетски свештеник која е дел од постојаната поставка во музеј во градот Лидс, во Англија.
Месното ткиво во грлото и гласниот тракт на мумијата, биле значително сочувани – објаснија научниците, затоа што и самата мумија била значително сочувана, па се покажало дека мумифицираниот Несјамун бил многу добар модел за ваков експеримент.
По овој зафат, Хауард вели дека ќе настојува да го репродуцира и звукот на пеењето на древниот свештеник, така како што тој практикувал пред 30 векови. Египтолозите додаваат дека тој бил и нотар, во времето на фараонот Рамзес 11. При религиозни ритуали пеел, или мелодично ги изведувал молитвите.