Поврзете се со нас

Skopje Global

Брифинг/Weekly

Индија – најголем карантин во светот

Soumen Tarafder/BigStock.com

Индија – најголем карантин во светот

Индиската влада објави дека воведува целосна блокада (карантин) за населението во Индија, од кое се бара во наредните три недели, да остане дома, за да се спречи навлегувањето на коронавирусот во оваа голема држава со 1,3 милијарди жители.

Премиерот Наренда Моди, во специјално обраќање на телевизија дека ваквата остра мерка е донесена за да, како што рекол, се „спаси Индија и за да се спаси секој нејзин граѓанин“. Со оваа владина мерка, во следните три недели на Индусите им е целосно забрането да излегуваат од своите домови.

„Трите недели во карантин претставува силен удар врз индиската економија, но доколку не се направи ова, тогаш државата ќе се соочи со заканата да се врати назад неколку децении“ – рекол Моди во своето обраќање.

Одлуката и Индија да се стави во карантин значи дека сега една петина од светската популација живее во услови на изолација и забрането движење.

Во земјата, засега и официјално има 470 заразени и десет починати пациенти, но светските здравствени експерти веќе неколку недели предупредуваат дека Индија претставува „темпирана бомба“ за опасниот вирус, не само поради начинот бројот на населението, туку и поради начинот на живеење на тамошните луѓе, условите за живеење и хигиенско-здравствената ситуација.

Дури десетици милиони живеат по улиците на големите индиски градови и немаат доволно пристап до здрава и чиста вода. Во такви услови, ширењето на заразата со ваквиот вирус е речиси неизбежна- е проценка на здравствени експерти.

Австрија – криминална истрага за Ковид-19

Австриското обвинителство има покренато кривична истрага за тоа дали случајот со еден заразен вработен во зимскиот туристички центар во Ишгл, бил соопштен премногу доцна. Истрагата е покрената затоа што овој австриски ски-центар подоцна беше означен како епицентар за ширење на заразата со Ковид-19.

Утврдено е дека стотици случаи на заразување со коронавирусот во Австрија, како и во Германија, но и во далечните Норвешка и Исланд (!) се поврзани со заразата во Ишгл.

Обвинителството сега настојува да утврди дали надлежните. таму каде болниот (заразениот) работел, навистина доцнеле со откривање на информацијата, затоа што тој човек се разболел уште во текот на јануари, во време кога центарот бил преполн со гости.
Австрија до сега има 5590 заразени лица, од кои само во последните 24 часови 305 нови пациенти. Од заболените, починати се 30 лица.

Владата во Виена одлучи да ги ангажира и воените резервисти, што е за прв пат по Втората светска војна, за помагање на здравствените служби во земјата, за спречување непочитување на мерките за карантин, за да и помагаат на полицијата и за пружање помош во снабдувањето.

Како епицентар на заразата во земјата, во ЕУ се споменува и другиот уште попознат ски-центар Сент Антон. И тој се наоѓа во австриски Тирол, што беше повод владата на премиерот Себастијан Курц да одлучи целосно да ја затвори оваа област и да ја изолира.

Одложен референдумот во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин го одложи одржувањето на референдумот за уставните промени, меѓу кои се и амандманите за бришење на одредбите со кои до сега се ограничуваше мандатот на шефот на државата.

Со новите одредби во Уставот на Русија, Путин ќе има право на уште два, едно по друго мандати од по шест години, после 2024 година, кога ќе му истече сегашниот втор претседателски мандат.

Референдумот требаше да се одржи на 22 април, а одложувањето се објаснува со глобалната пандемија на коронавирусот, за која (инаку) до сега во Москва официјално се тврдеше дека без малку како да ја одминала големата руска територија. Не е најавено кога ќе се одржи гласањето, освен што е речено дека референдумот ќе се организира подоцна.

Путин во моментот го служи својот четврти претседателски мандат, откако еднаш меѓу овие два мандати како шеф на државата, беше руски премиер. Промените на Уставот за неограничување на претседателскиот мандат, претходно беше одобрена од Уставниот суд на Русија и од Парламентот.

Во образложението за одлагање на референдумот се вели дека „сега целата активност на државата ќе се насочи на најважната работа- борбата со кронавирусот“, а не со обезбедувањето поддршка за референдумот.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Брифинг/Weekly

Горе