Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Британски визи за продолжен престој на жителите од Хонгконг?

Studio Incendo (https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Hong_Kong_protests_-_Tsuen_Wan_March_-_20190825_-_IMG_20190825_180613.jpg), „Hong Kong protests - Tsuen Wan March - 20190825 - IMG 20190825 180613“, https://creativecommons.org/licenses/by/2.0/legalcode

Британски визи за продолжен престој на жителите од Хонгконг?

Британската влада се подготвува да понуди продолжување на правото за виза (за влез и престој во Британија), што би значело и отворање пат за стекнување британско државјанство за без малку три милиони жители на Хонгконг.

Тоа би требало да биде британската реакција на Кина и на нејзиното, како што се нарекува, брутално кршење автономијата на Хонгконг и на договорот од 1997 година.

Министерот за надворешни работи Доминик Раб изјави дека доколку Кина продолжи и натаму со својата сегашна политика, тогаш Британија ќе им го прошири правото на околу 350 илјади носители на (посебните) британски пасоши, познати како „БН“ пасоши (Бритиш нешанел оверсис).

„БН“ пасоши за 2,9 милиони лица?

Тие им се издадени на жители на Хонгконг кои така се регистрирале уште пред Британија да и го предаде овој град-држава, до тогаш британска прекуморска територија, на НР Кина, во рамките на тогаш прокламираната политика на Пекинг- една држава со два (политичко-економски) системи.

Овие луѓе, со таквиот пасош, сега, имаат право да престојуваат и да работат во Британија до шест месеци.

Со најновата криза околу Хонгконг, владата во Лондон се подготвува правото на престој да го зголеми на 12 месеци. Во такви услови, тие луѓе би имале право да студираат и да работат на британска територија, а преку тоа би можеле да стекнат и право за добивање британско државјанство.

Во Лондон се смета дека освен овие 350 илјади лица, за кои се знае дека се носители на „БН“ пасошите, многу повеќе жители на Хонгконг би можеле да се стекнат со оваа бенифиција.

Во Форин Офисот проценуваат дека станува збор за дури 2,9 милиони сегашни жители на овој град, а дека тоа право би можело да се однесува и на децата на носителите на „БН“ пасошите, како и на лицата кои тие ги издржуваат.

Одземена автономија

Британија гневно реагираше на решението на Пекинг да го усвои спорниот закон за „национална безбедност“ и повика на меѓународен притисок врз Кина.

Со законот секоја критика изречена во Хонгконг кон централната власт ќе се смета како кривично дело. Во Лондон, Вашингтон и ЕУ сметаат дека законот ги гази обврските од меѓународниот договор што Кина ги има преземено уште во 1997 година, при преземањето на Хонгконг и го брише неговиот посебен, полуавтономен статус.

Пекиншките власти, пак, тврдат дека законот е последица на минатогодишните масовни протести и дека треба да биде брана од, како што велат, сецесијата на Хонгконг.

Затоа законот забранува секаков облик на сецесија, на странско мешање, на тероризам (!?) – како некаде тоа да е дозволено – и на секакви други активности што во Пекинг ќе се толкуваат како обид „да се урне власта”.

САД официјално ја обвинија Кина дека му ја одзела на Хонгконг неговата автономија, па дека затоа оваа територија, повеќе нема да има посебен статус кај Американците.

(Д.Л.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе