Поврзете се со нас

Skopje Global

Брифинг/Weekly

Лажно позитивни од лоши кинески тестови

diy13/BigStock.com

Лажно позитивни од лоши кинески тестови

Околу 3700 Швеѓани биле погрешно прогласени за позитивни на коронавирусот, затоа што тестовите добиени од Кина биле лоши и недоволно квалитетни.

Во соопштението на Агенцијата за јавно здравје на Шведска, кое открива за ваквата појава во борбата со вирусот и се уште присутната епидемија, се вели дека тестови на кинеската компанија „БГИ Геномикс“ – не можеле да го разликуваат многу ниското ниво на вирусот, од негативниот резултат.

„Оној што ги има увезено овие тестови, сега би требало да ги прилагодува својствата кои се неопходни за добивање точен наод и за да може тие да користат“

…има изјавено Карин Тегмарк Висел, шеф на одделот за микробиологија на оваа шведска агенција.

Според Висел, овие тестови се увезени и во многу други земји, но таа одбила да открие други детали за нив, како и тоа дали знае каде се тие се употребуваат за тестирање на населението.

„БГИ Геномикс“ – чии две филијали се наоѓаат на американската „црна листа“ на компании, замешани во кршењето на човековите права – засега, одбива да ги коментира наодите на шведската Агенција за јавно здравје.

Во март годинава, компанијата има добиено одобрување од властите на САД за користење на нејзините тестови, во тоа време, за итни потреби, додека во мај, такво одобрување има дадено и Светската здравствена организација (СЗО).

Шведската агенција, која ја проценува ефикасноста на тестовите, нема соопштено колку од кинеските тестови досега биле искористени, но изгледа дека нивната бројка не е премногу висока, за да овие лоши, погрешни тестови влијаеле значително, за вкупната епидемија во земјата.

Шведска е земја со највисока заразеност и смртност во Скандинавија. Регистрирани се 87 илјади заразени и над 5800 починати.

Повторно заразени со корона во Холандија и Белгија

Еден пациент во Холандија и уште еден друг, во Белгија, одново се заразени со коронавирусот, објави холандската телевизија НОС, цитирајќи изјави на домашни вирусолози.

Ваквата информација доаѓа откако научниците во Хонг Конг, соопштија дека еден тамошен пациент-маж, бил повторно заразен, само 4,5 месеци откако оздравел од Ковид-19. Според телевизијата НОС, холандскиот пациент е постаро лице, за кое се тврди дека има ослабнат имунитет.

Холандските вирусолози тврдат дека има случаи, кога луѓето долго време боледуваат од вирусот, а дури потоа тој наеднаш почнува да се засилува.

Експертите сметаат дека случаите на повторно заразување бараат итно да се започне со генетско тестирање на вирусот, при првата, како и при втората инфекција – за да може да се види дали вирусите се разликуваат. Домашните вирусолози изјавуваат дека случаите на повторно заразување, сепак, биле очекувани, но дека сега е важно да се види – колку често ќе има такви примери.

Белгискиот пациент имал благи симптоми, но за експертите тоа не е добра вест, затоа што тоа покажувало оти антителата што пациентот ги има развиено во текот на правата заразеност, не биле воопшто доволни за да спречат тој уште еднаш да се зарази со коронавирусот.

Турција забранува свадби, прослави и забави

Во 14 турски провинции, меѓу кои и онаа на која административно припаѓа и главниот град Анкара, се забрануваат било какви свадбени свечености, разни прослави, или забави, додека церемонијата на венчавката, е дозволена да трае – најмногу еден час.
Ваквите мерки се воведени откако во Турција нагло почна да расте бројот на новозаразените и да се зголемува смртноста.

Во само 24 часови, официјално се регистрирани над 1500 нови инфицирани лица, што е најголема досега бројка во земјата, од средината на јуни, додека за 24 се вели дека починале. Вкупната бројка на жртвите од коронавирусот, досега изнесува без малку 6200 пациенти.

Турските власти настојуваат да се запре натамошното ширење на пандемијата, како и експлозија на „вториот бран“, откако од 1 јуни беа укинати некои од мерките од карантинот.

Сега властите сугерираат некои државни институции да воведат т.н. флексибилни работни методи – како што е работењето од дома, или во смени, со преполовен состав на вкупно вработените.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Брифинг/Weekly

Горе