Двејн Џонсон е болен од Ковид
Американскиот актер Двејн Џонсон, познат како „Рок“ (Карпа) , соопшти дека е заразен со коронавирусот и болен од Ковид-19.
На својот Инстаграм, овој популарен актер , посебно кај младите гледачи, по своите бројни улоги во разни акциони филмови, објавил дека освен тој, заболени се и сите членови на неговото семејство- сопругата и двете ќерки.
„Ова е една од најтешките ситуации со која сме соочени како семејство“ – напишал Џонсон на Инстаграм.
Тој и сите од семејството, остануваат во нивниот дом, во карантин.
„Рок“ преку социјалните мрежи , сега на сите им препорачува да бидат крајно внимателни во ова време на глобална пандемија- да бидат пред се, дисциплинирани, да носат маски на лицето, да го јакнат својот имунитет на секој начин, но и да го чуваат своето семејство и да водат сметка за другите околу себе.
Двејн Џонсон посебно жали што покрај него, со коронавирусот се зафатени сите во неговото семејство, за што вели дека не морало да се случи.