Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Почина „лошкото“ од Мунрејкер

Massimiliano Marino/BigStock.com

Почина „лошкото“ од Мунрејкер

Познатиот британско-француски актер Мајкл Лонсдејл кој во Франција беше познат како Мишел Лондал, почина во Париз, во својот дом- соопшти неговиот деловен агент. Имаше 90 години.

Неговата актерска кариера траеше цели 60 години. Има остварено над 200 разни улоги, на театарската сцена, на телевизијата и на филмот, како и на радиото. Во театарот има работено и со прославениот автор Семјуел Бекет.

Но, најмногу запаметен во јавноста – како во Британија, така и во Франција и Европа, е по неговите филмски улоги

За филмаџиите ќе остане запаметен како „лошкото“ од филмот Мунрејкер, од серијата за тајниот агент Џејмс Бонд, чија намера беше да ја уништи Планетата со напади од вселената, но во тој план е попречен (како и обично) од тајниот агент на британското кралско височество со кодиран број – 007. Во филмот настапи покрај тогашниот Бонд, британскиот актер, сега починатиот, Роџер Мур.

Лонсдејл е познат кај филмската публика од филмот во седумдесеттите години на 20 век – „Деновите на Шакалот“ – во улогата на францускиот полициски детектив кој трага по мистериозниот атентатор „Шакал“ („Џекил“) кој треба да го ликвидира тогашниот претседател на Франција, Шарл де Гол.

Останува да се памети и неговата улога како средновековен калуѓер, во филмот „Мирисот на розата“ на режисерот Жан Жак Арно, снимен во 1986 година, во кој настапува покрај Шон Конери. Но, француските филмофили ќе ја паметат и неговата улога од прославеното остварување на Франсоа Трифо „Украдени бакнежи“, од 1968 година.

Последната награда за едно филмско остварување ја има добиено во 2011 година, француската филмска награда „Сезар“ за филмот „Луѓе и богови“ на режисерот Гзавие Бовол.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе