Турција собори ерменски воен авион?
Властите во Еревена соопштија дека еден ерменски воен авион, бил соборен од турски борбен авион, што Тбилиси го смета за ескалација на ерменско-азербејџанските судирања околу спорната област Нагорно Карабах.
Во соопштението на ерменското Министерство за надворешни работи се вели дека при нападот загинал пилотот на авионот „Су-25“ од советско време, што бил погоден од „Ф-16“ на турското воено воздухопловство. Ерменија тврди дека нападот бил извршен во ерменскиот воздушен простор.
Закана од ескалација
Ако е тоа така, тогаш овој инцидент би значело претворање на соседскиот конфликт во регионален судир, во кој на страната на едната од земјите директно вклучени во непријателствата околу Нагорно Карабах, се вклучува и една странска сила- од порано непријателски расположена кон другата земја во конфликтот.
Стравувањето за ескалација на целата оваа ситуација се заснуваат и од можноста да се вклучи и Русија, која на ерменска територија има една своја воена база.
Официјална Анкара во меѓувреме го демантираше соопштението на ерменското МНР, но Турција и не крие дека е силно на страната на Азерите и дека ги поттикнува да „издржат до крајот“ за како што се вели „ослободување“ на нивната „окупирана територија“.
Над 100 лица- пред се, војници, како и цивили, загинале досега и на двете страни, во тридневните судирања, што почнаа во саботата.
Судир на две екс советски републики
Спорот околу Нагорно Карабах трае над 30 години и потекнува уште од времето пред распадот на Советскиот Сојуз.
Во 1988 година Ерменците кои се доминантната етничка група во енклавата, кога оваа тогаш советска автономна област, сместена на територијата на Азербејџан, прогласи дека се отцепува од во тоа време Азербејџанската советска социјалистичка република (АССР).
Од тогаш траат непријателствата, кои меѓу 1988 и 1994 година, посебно, по распадот на СССР- се претвори во крвава војна во која загинаа 30 илјади лица.
ЕУ и ОН настојуваат сега да не дојде до ескалација на воените судирања и повикуваат на мирно решение на спорот, но и властите во Баку, а и оние во Тблиси одбија прекин на воените дејствија и отпочнување на мировни преговори.